Во Првата Сабота од Великиот Пост (Тодорова Сабота) Света Архиерејска Литургија во Свети Николе
На 08 март 2025 година, Сабота од Првата Недела на Великиот пост (Тодорова Сабота), Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на Високопреосвештениот Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј, Преосвештениот Епископ Делчевско-каменички г. Марко и свештенослужители на МПЦ – ОА, отслужија Света Архиерејска Литургија, во храмот “Св. Лидија Македонска” во Свети Николе. На Божествената Литургија чиноначалствуваше Митрополитот г. Григориј, а Епископот г. Марко одржа пригодна беседа. На крајот од Светата Литургија Архијереите го благословија вареното коливо.

