Торжествена прослава на споменот на светиот маченик Георгиј Кратовски во Кратово
На 24 февруари 2025 година, на празникот на Свети Георгиј Кратовски, во храмот на свети Георгиј Кратовски во Кратово се богослужеше Света Златоустова Архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Високопреосвештениот Митрополит Доростолски г. Јаков од Бугарската Православна Црква, во сослужение со Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Митрополитот г. Јосиф, Преосвештениот Епископ Велбужски г. Исак од Бугарската Православна Црква и Преосвештениот Епископ Велички г. Никола.
По завршувањето на Литургијата, на градскиот плоштад во Кратово беше осветен славскиот колач.

