Света Архиерејска Литургија во Бигорскиот Манастир
На 20 февруари 2025 година, кога се прославува споменот на св. Партениј Лампсакиски, преп. Лука Еладски; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на Неговото Преосвештенство Епископот Антаниски г. Партениј и повеќе свештеномонаси отслужија Света Архиерејска Литургија во Бигорската света обител. Митрополитот г. Иларион, по повод именденот на Преосвештениот Епископ Антаниски г. Партениј, му подари Архиерејска Панагија, а како благодарност Епископот г. Партениј, на Митрополитот г. Иларион му подари Митра изработена од рацете на преподобните монахињи при манастирот “Св. Вмч. Георгиј Победоносец” во Рајчица.

