Света Архиерејска Литургија во манастирот “Св. Наум Охридски” – Охрид
На 05 јануари 2025 лето Господово, кога го празнуваме светиот Наум, Охридскиот Чудотворец, со благослов од Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во сослужение на Архимандритот о. Нектариј и свештенослужители од Дебарско-кичевската епархија, во манастирот “Св. Наум Охридски” во Охрид. На крајот од Божествената Литургија, Митрополитот одржа пригодна беседа, а потоа изврши мал водосвет и го благослови и пресече празничниот леб.

