Празнична вечерна во манастирот “Св. Наум Охридски” – Охрид
На 04 јануари 2025 лето Господово, во навечерието на празникот на светиот Наум, Охридскиот Чудотворец, со благослов од Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Празнична вечерна богослужба во сослужение на Архимандритот о. Нектариј и свештенослужители од Дебарско-кичевската епархија, во манастирот “Св. Наум Охридски” во Охрид. На крајот од вечерната, Митрополитот го благослови петолебието и одржа пригодна беседа.

