Сослужување во Врањската епархија – СПЦ
На 02 јануари 2025 лето Господово, кога се прославува споменот на светиот Игнатиј Богоносец, на покана од надлежниот епархиски Архиереј, Митрополитот Врањски г. Пахомиј, а по повод прославата на Крсната слава, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион сослужуваше на Светата Архиерејска Литургија која беше отслужена во Соборниот храм “Св. Троица” во Врање, Р. Србија. На Божествената Литургија чиноначалствуваше домакинот, Митрополитот Врањски г. Пахомиј, а сослужуваа и Митрополитот Крушевско-демирхисарски г. Јован, Митрополитот Шумадиски г. Јован, Епископот Делчевско-каменички г. Марко и бројно свештенство. На крајот од Светата Литургија беше благословен и пресечен славскиот колач.

