Празнична вечерна и храмова слава во Свети Николе
На 18 декември 2024 година, во навечерието на празникот на Светиот Николај Мирликиски Чудотворец, заштитник на Брегалничката Православна Епархија и на градот Свети Николе, Надлежниот Брегалнички Митрополит господин Иларион отслужи Празнична вечерна богослужба во храмот посветен на “Светиот Николај Мирликиски” во градот Свети Николе. Пред почетокот на Вечерната богослужба, Митрополитот г. Иларион донесе мошти од светиот Николај Мирликиски, а свештенослужителите и верниот народ се поклонија на истите. На крајот од Празничната вечерна, Митрополитот го благослови и пресече петолебието и одржа пригодна беседа.

