Света Архиерејска Литургија во Љубљана, Словенија, во чест на Патронот и Заштитникот на Македонската Православна Црква, Свети Климент Охридски
На 08.12.2024 година, кога го прославуваме празникот на Свети Климент Охридски, заштитник на древната Охридска Архиепископија и Македонската Православна Црква, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион во сослужение на Надлежниот Митрополит Европски г. Пимен, отслужија Светата Архиерејска Литургија, во храмот “Свети Климент Охридски” во Љубљана, Словенија. Пред почетокот на Светата Литургија, Митрополитот г. Иларион донесе мошти од светиот Гаврил Велички, а верниот македонски народ во Словенија се поклони на светите мошти. На крајот од Литургијата, Архиереите го благословија и пресекоа празничниот леб.

