Празнична Вечерна Богослужба во Љубљана, Словенија, по повод Патронот на Македонската Православна Црква, Свети Климент Охридски
На 07.12.2024 година, во навечерието на празникот на Свети Климент Охридски, патрон и заштитник на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион присуствуваше на Празничната Вечерна Богослужба, на која чиноначалствуваше Митрополитот Европски г. Пимен, во храмот “Свети Климент Охридски” во Љубљана, Словенија. На крајот од Вечерната, Митрополитот г. Пимен го благослови и пресече петолебието и одржа пригодна беседа.

