Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста, Света Архиерејска Литургија во Ново Село, Штип
На 04.12.2024 година, кога Светата Православна Црква го празнува празникот Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот “Успение на Пресвета Богородица” во Ново Село, Штип. На крајот од Божествената Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа, а многубројниот верен народ се причести со Телото и Крвта Христова.

