Сослужување по повод 100 годишнината од осветувањето на Катедралниот храм “Св. Александар Невски” во Софија, Бугарија
На 22 и 23 Ноември 2024 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, како претставник на МПЦ – ОА, присуствуваше на свеченостите организирани од БПЦ по повод 100 годишнината од осветувањето на Катедралниот Патријаршиски храм “Св. Александар Невски” во Софија, Бугарија. Митрополитот г. Иларион присуствуваше на Вечерната Богослужба, на Духовната Академија и сослужуваше на Светата Архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговата Светост Патријархот Бугарски г.г. Даниил, а сослужуваа повеќе Архиереи на Помесните Православни Цркви.

