Прославен споменот на Светиот Нектариј Егински во манастирот “Св. Пантелејмон” с. Пантелеј, Кочани
На 22.11.2024 година, кога Светата Православна Црква го празнува празникот на светиот Нектариј Егински, преп. Матрона, преп. Јован; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во сослужение на свештенослужители од Кочанското Архиерејско Намесништво, отслужи Света Архиерејска Литургија во параклисот посветен на „Св. Нектариј Егински“при манастирот Св. вмч. Пантелејмон во с. Пантелеј – Кочанско. На крајот од Литургијата, Митрополитот г. Иларион го благослови и пресече празничниот леб.

