Поклонение на Света Гора
Митрополитот Брегалнички господин Иларион со неговата придружба беше во посета на Света Гора Атонска каде што се сретна со неколку Игумени и повеќе Атонски старци, со многу љубов и посебно внимание беше пречекан во манастирите Хиландар, Дохијар и Симонопетра. Митрополитот г. Иларион им подари свети мошти од Светиот Гаврил Епископ Велички, Светогорец, на отците од Симонопетра, а тамошните возрасни монаси кои што лично го знаеја него и неговиот подвид и заеднички го започнале монашкиот живот, ги примија со небоземска радост.

