Недела 20 по Педесетница, Света Архиерејска Литургија во Виница
На 10 Ноември 2024 година, Недела 20 по Педесетница, св. мч-ка Параскева Икониска, св. Димитриј Ростовски; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот посветен на “Св. Ап. и Ев. Лука” во Виница. На крајот од Божествената Литургија, Митрополитот г. Иларион, одржа пригодна беседа, а по Светата Литургија, Митрополитот ја освети и новоизградената црковна продавница за свеќи и црковни предмети.

