Света Архиерејска Литургија и Храмова слава во с. Зрновци
На 08.11.2024 година, кога Светата Православна Црква го прославува споменот на Светиот Великомаченик Димитриј Солунски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот “Св. Вмч. Димитриј” во с. Зрновци, кочанско. Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа, а на крајот од Божествената Литургија изврши мал водосвет и го благослови и пресече празничниот леб.

