Празникот на Преподобната Параскева – Петка прославен и во фирмата Ледер во Кочани
На 27 Октомври 2024 година, на празникот на Преподобната Параскева – Петка, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион изврши мал водосвет и го благослови и пресече празничниот леб принесен во чест и спомен на Преподобната Параскева – Петка при параклисот посветен токму на света Петка, а се наоѓа во дворот на фирмата Ледер, која е во сопственост на г. Драгослав Здравков – Ледер од Кочани.

