Света Архиерејска Литургија во женскиот манастир Марена, с. Злетово
На 26 Октомври 2024 година, кога се прославува споменот на светата вмч-чка Злата Мегленска, св. мч-ци Карп и Папила; Неговото Високопреосвештенство Мотрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во женскиот манастир Марена, посветен на Животодавниот Извор “Источен Петок – Балаклија”, с. Злетово. На крајот од Божествената Литургија, Митрополитот г. Иларион, ја произведе монахињата Злата во чин Игуманија, а потоа го благослови и прекрши празничниот леб и одржа пригодна беседа.

