Освет на нов храм и Света Архиерејска Литургија во Стар Караорман, штипско
На 20 Октомври 2024 година, Недела 17 по Педесетница, св. мч-ци Сергиј и Вакх и св. мч. Полихрониј; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион изврши освет на новоизградениот храм посветен на Светиот Наум Охридски во Стар Караорман, штипско. По осветувањето Митрополитот отслужи и Света Архиерејска Литургија во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија. За време на Божествената Литургија Митрополитот г. Иларион во чин протоѓакон го произведе ѓаконот Миле Тошев од Стар Караорман, штипско. На крајот од Светата Литургија, Митрополитот одржа пригодна беседа и им се заблагодари на сите кои што помогнаа во изградбата на велелепниот храм. Нека е честито и од Бога благословено!

