На празникот Отсекување на главата на Свети Јован Крстител Света Архиерејска Литургија во с. Горни Подлог, кочанско.
На 11.09.2024 година кога Светата Православна Црква го прославува празникот Отсекување на главата на Светиот Јован Крстител, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Божествена Архиерејска Литургија во храмот “Отсекување на главата на Свети Јован Крстител” во с. Горни Подлог, кочанско. На крајот од Светата Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа, го благослови празничниот леб и изврши мал водосвет.

