Недела 15-та по Педесетница, Света Архиерејска Литургија во Лесновскиот манастир
На 13 септември 2026 година, Недела 15-та по Педесетница, полож. на појасот на Пресвета Богородица, св. Кипријан Картагински; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во манастирот “Св. Гаврил Лесновски” во Лесново. На крајот од Светата Литургија Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа.

