Со Празничната Вечерна Богослужба започна чествувањето на Светиот Спасо Радовишки
На 20.08.2024 година, во навечерието на празникот на Светиот Спасо Радовишки, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Празнична Вечерна Богослужба, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, во храмот „Св. Троица“ во Радовиш. На крајот од вечерната, Митрополитот г. Иларион го благослови петолебието, а по вечерната богослужба со иконата на светиот Спасо Радовишки се изврши литија до параклисот посветен на “Св. Спасо Радовишки”, кој се наоѓа на плоштадот во Радовиш, каде Митрополитот Брегалнички г. Иларион отслужи молебен, а во присуство на многуброен верен народ. Потоа Митрополитот г. Иларион присуствуваше на Духовната Академија, по повод празникот на градот Радовиш, која се одржа во храмот “Св. Троица”.

