На празникот Преображение на Господ Исус Христос Света Архиерејска Литургија во Соборниот храм “Св. Николај” во Штип
На 19.08.2024 година кога Светата Православна Црква го празнува празникот Преображение на Господ Исус Христос на гората Тавор, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија, во сослужение на свештенослужители од Штипското Архиерејско Намесништво, во Соборниот храм “Св. Николај” во Штип. На крајот од Божествената Литургија, Митрополитот г. Иларион го благослови новиот лозов плод.

