Манастирска слава при женскиот манастир “Св. вмч. Пантелејмон” во с. Пантелеј, кочанско
На 09.08.2024 година, кога Светата Православна Црква прави спомен на св. вмч. Пантелејмон и на св. Седмочисленици, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Богослужба во женскиот манастир посветен на “Св. вмч. Пантелејмон” во с. Пантелеј, кочанско. Пред почетокот на Светата Литургија, Митрополитот г. Иларион, во чин чтец го произведе г. Љупче Манасиев од Кочани, кој редовно и активно учествува во светите богослуженија. На крајот од Божествената Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа, изврши мал водосвет и го благослови и пресече празничниот леб.

