На празникот Св. Пр. Илија, Илинден – Света Архиерејска Литургија во Крушево
На 02.08.2024 година кога се прославува празникот на Светиот Пророк Илија, а воедно и големиот Македонски празник Илинден, Неговото Високопресвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, заедно со Надлежниот Архиереј, Митрополитот Крушевско-демирхисарски г. Јован и Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужија Света Архиерејска Литургија во храмот “Св. Николај” во Крушево. Пригодна беседа одржа Митрополитот г. Јосиф, а по завршувањето на Божествената Литургија, Архиереите отслужија и Панихида за покој на душите на сите паднати борци и бранители на Република Македонија. На литургијата и панихидата присуствуваше и премиерот на владата на Р. Македонија г. Христијан Мицковски со членови на владата и пратеници на Собранието на Р. Македонија. Архиереите потоа присуствуваа и на свеченоста на Мечкин Камен по повод Македонскиот празник Илинден.

