Освет на новоизградениот храм посветен на Светиот Спиридон Чудотворец
На 01.08.2024 лето Господово, преп. Макрина, св. Стефан Деспот Српски, преп. Евгенија и преп. Диј Антиохиски, по Божја промисла, на ова древно место викано Црквиште, на планината Плачковица, Штипско Архиерејско Намесништво, Брегалничка Православна Епархија, МПЦ- ОА, на надморска висина од 1680 метри, се изгради храм посветен на Светиот Еп. Спиридон Тримитунски Чудотворец, ктиторско дело на богољубивите г. Трајче Алексов и г. Александар Санев со нивните семејства, а во присуство на верниот православен народ, го освети Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион со свештенослужители од Штипското Архиерејско Намесништво, за Слава на Бога и за духовни потреби на богољубивиот народ наш православен. Нека е честито и од Бога благословено, благодарност до ктиторите и градителите и на сите кои што го примаат со радост овој храм. На многаја лета!

