Bо диптихот на светиите се впишаа светите Спаса и Спасе Вишенски
На 09.06.2024 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион сослужуваше на Светата Архиерејска Литургија во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г. г. Стефан во сослужение на Митрополитите Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Преспанско-пелагониски г. Петар, Повардарски г. Агатангел, Крушевско-демирхисарски г. Јован, Европски г. Пимен, Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Старозагорски г. Кипријан – БПЦ, епископот Нишки г. Арсениј – СПЦ, епископите Хераклејски г. Климент, Дељадровско-илинденски г. Јоаким, Делчевско-каменички г. Марко, Дремвитски г. Давид, Антаниски г. Партениј, Стобиски г. Јаков, Велички г. Никола како и многубројни свештенослужители од сите епархии на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. На предлог на Комисијата за канонизација на нови светители при САС, Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, одлучи во диптихот на светиите да ги впише светите Спаса и Спасе Вишенски. На оваа литургија беше обзнанена одлуката на САС-МПЦ за нивното прославување.

