56-та генерација успешно завршени матуранти-богослови
На 11.06.2024 година, во Македонската православна богословија (МПБ) Св. Климент Охридски – Драчево, во присуство на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, ректорот на МПБ, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, пратеникот на Светиот Архијерејски Синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Митрополитот Брегалнички г. Иларион се поделија свидетелствата и дипломите на 56-та генерација успешно завршени матуранти-богослови.

