Лазарова Сабота – Света Архиерејска Литургија во женскиот манастир Св. Вмч. Пантелејмон
На 27.04.2024 година, Лазарова Сабота; св. Мартин Исповедник, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во сослужение на свештеник Димитар Арсовски, во женскиот манастир “Св. Вмч. Пантелејмон” во с. Пантелеј, кочанско. На крајот од Божествената Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа, а верниот народ се причести со Телото и Крвта Христова.

