Недела Петта на Великиот Пост (на Света Марија Египетска) во Пробиштип
На 21.04.2024 година, Недела Петта на Великиот Пост (на Света Марија Египетска), Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Василиева Литургија, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, во храмот “Успение на Пресвета Богородица” во Пробиштип. За време на Божествената Литургија, Митрополитот г. Иларион, го произведе свештеникот Трајче Станков во чин Протоереј. На крајот од Светата Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа, а верниот народ се причести со Телото и Крвта Христова.

