Недела Втора на Великиот Пост (на Свети Григориј Палама) во Кочани
На 31.03.2024 година, Недела Втора на Великиот Пост (на свети Григориј Палама), Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Василиева Литургија, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката епархија, во храмот “Св. вмч. Георгиј” во Кочани. Пред крајот на Светата Литургија, со благослов на Митрополитот г. Иларион, протоереј Александар Алексов одржа пригодна беседа, а верниот народ се причести со Телото и Крвта Христова.

