Света Архиерејска Литургија во женскиот манастир “Св. Вмч. Пантелејмон
На 30.03.2024 година, Сабота од Втората Недела на Великиот пост, преп. Алексиј Човек Божји, св. мч. Марин; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Божествена Литургија во сослужение на свештеник Димитар Арсовски во женскиот манастир “Св. Вмч. Пантелејмон” во с. Пантелеј, кочанско. На крајот од Светата Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа.

