Акатист на Пресвета Богородица во Кочани
На 29.03.2024 година, Петок од Втората Недела на Великиот Пост, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Мало Повечерие со Акатист на Пресвета Богородица, во сослужение на свештенослужители од Кочанското Архиерејско Намесништво, во храмот “Св. вмч. Георгиј” во Кочани. На крајот од Малото Повечерие, Митрополитот г. Иларион го благослови петолебието и одржа содржајна беседа. Пресвета Богородице спаси нас!

