Недела 36-та по Педесетница Света Архиерејска Литургија во Лесновскиот Манастир
На 11.02.2024 година Недела 36-та по Педесетница, пренес. на моштите на св. свешт-мч. Игнатиј Богоносец; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во манастирот “Св. Гаврил Лесновски” во Лесново. На крајот од Божествената Литургија, со благослов од Митрополитот г. Иларион, протосингел Исак одржа пригодна беседа, а верниот народ се причести со Телото и Крвта Христова.

