Света Архиерејска Литургија во Делчево
На 12.02.2024 година, кога се прославува споменот на Светите Три Ерарси, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион чиноначалствуваше на Светата Архиерејска Литургија, во сослужение на Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко и Неговото Преосвештенство Епископот Стобиски г. Јаков, во храмот “Успение на Пресвета Богородица” во Делчево. Пригодна беседа одржа Епископот г. Јаков, а верниот народ се причести со Телото и Крвта Христова.

