Света Архиерејска Литургија во манастирот “Св. Прохор Пчињски” – Р. Србија
На 01.11.2023 година, кога се прославува споменот на преподобниот Прохор Пчињски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион на покана од Надлежниот Архиереј Епископот Врањски г. Пахомиј, сослужуваше на Божествената Света Архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, а сослужуваа и Епископот Врањски г. Пахомиј и Епископот Бихаќко-петровачки г. Сергеј, во манастирот “Св. Прохор Пчињски” во Р. Србија. На крајот од Светата Литургија, Архиереите го благословија и пресекоа празничниот леб.

