НЕКРОЛОГ
На 25.10.2023 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион изврши опело над новоупокоениот раб Божји пензионираниот свештеник Дане Петрушев од Пробиштип, во сослужение на свештенослужители од Штипското Архиерејско Намесништво, во храмот “Успение на Пресвета Богородица“ во Пробиштип. Свештеникот Дане Петрушев е роден 16.02.1941 година од благочестиви родители во с. Пуздерци, пробиштипско. Во 1965/66 година се запишува богословија во манастирот Крки. На 27.06.1967 година завршува двегодишна богословија и практичен испит. Во ѓаконски чин е ракоположен на 02.04.1969 година во храмот “Св. Николај” во Штип, а во свештенички чин на 16.04.1969 година исто во храмот “Св. Николај” во Штип од тогашниот Митрополит г.Наум и од 01.05.1969 година е поставен за парохиски свештеник во Штип. Од 1970 година е поставен за привремен парохиски свештеник во Валандово, а од 1973 година е парохиски свештеник во Пробиштип се до своето пензионирање во 2001 година. На 24.10.2023 година се упокои во Господа. Вечнаја памјат и царство небесно да му дарува семилостивиот Бог.

