Прославен празникот на Светиот Спасо Радовишки – Заштитникот на градот Радовиш
На 21.08.2023 година, кога Светата Православна Црква го прославува споменот на Светиот Спасо Радовишки, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и свештенослужители на МПЦ – ОА, отслужија Света Архиерејска Литургија во храмот „Св. Троица“ во Радовиш. На крајот од Светата Литургија, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф одржа содржајна беседа, а потоа Архиереите го благословија и пресекоа празничниот леб.

