Со Празничната Вечерна Богослужба започна чествувањето на Светиот Спасо Радовишки, заштитникот на градот Радовиш
На 20.08.2023 година, во навечерието на празникот на Светиот Спасо Радовишки, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Празнична Вечерна Богослужба во храмот „Св. Троица“ во Радовиш. На вечерната, Митрополитот г. Иларион го благослови петолебието и одржа содржајна беседа. По вечерната богослужба со иконата на светиот Спасо Радовишки се изврши литија до параклисот посветен на “Св. Спасо Радовишки”, кој се наоѓа на плоштадот во Радовиш, каде Митрополитот Брегалнички г. Иларион отслужи молебен, а во присуство на Градоначалникот на Општина Радовиш г. Ацо Ристов, пратеникот г. Здравко Трајанов и многуброен верен народ. Потоа Митрополитот г. Иларион присуствуваше на Духовната Академија, по повод празникот на градот Радовиш, која се одржа во дворот на храмот “Св. Троица”.

