Преображение на Господ Исус Христос во Соборниот храм “Св. Николај” во Штип
На 19.08.2023 година кога Светата Православна Црква го празнува празникот Преображение на Господ Исус Христос на гората Тавор, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на Епископот Стобиски г. Јаков, Епископот Делчевско-каменички г. Марко и свештенослужители на МПЦ-ОА, отслужија Света Архиерејска Литургија во Соборниот храм “Св. Николај” во Штип. На крајот од Светата Литургија, Архиереите го благословија новиот лозов плод. На многаја лета!!!

