Недела 10-та по Педесетница, Освет на нов храм во с. Аргулица, штипско
На 13.08.2023 година, Недела 10-та по Педесетница, пренес. на моштите на св. Климент Охридски; св. Евдоким, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион изврши освет на новоизградениот храм посветен на “Светиот Пророк Илијс” во с. Аргулица, штипско, а потоа отслужи Света Архиерејска Литургија, во сослужение на свештенослужители од МПЦ -ОА. На крајот од Светата Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа содржајна беседа. Нека е честито и од Бога благословено!

