Слава на манастирот “Св. вмч. Пантелејмон” и монашки постриг
На 09.08.2023 година, кога Светата Православна Црква прави спомен на св. вмч. Пантелејмон и на св. Седмочисленици, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Богослужба во манастирот посветен на “Св. вмч. Пантелејмон” во с. Пантелеј, кочанско. Пред почетокот на Светата Литургија, сестрата Руска прими монашки постриг и го доби името Февронија, а постригот го изврши Надлежниот Архиереј, Митрополитот г. Иларион. На крајот од Божествената Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа содржајна беседа, изврши мал водосвет и го благослови и пресече празничниот леб.

