Празнична Вечерна Богослужба и Монашки потстриг во манастирот Св. Спиридон – Злетово, метох на Лесновскиот Манастир
На 20.07.2023 година, во навечерието на празникот на Светиот великомаченик Прокопиј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Празнична Вечерна Богослужба во манастирот “Св. Спиридон Чудотворец” во Злетово, метох на Лесновскиот Манастир. На вечерната богослужба сестрата Матрона прими монашки потстриг, а потстригот го изврши Митрополитот Брегалнички г. Иларион. На крајот од вечерната богослужба, Митрополитот г. Иларион го благослови и пресече петолебието и одржа содржајна беседа.

