Чествување на празникот Павловден во градот Виница
На 13.07.2023 година, кога Светата Православна Црква прави спомен на Соборот на Светите Апостоли – Павловден, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на Митрополитот Тетовско – гостиварски г. Јосиф, отслужија Света Архиерејска Литургија во храмот „Св. Архангел Михаил“ во Виница. На крајот од Светата Литургија, содржајна беседа одржа Митрополитот г. Јосиф. А по завршувањето на Литургијата беше извршена Литија со иконата на Светиот Апостол Павле од храмот „Св. Архангел Михаил“ до параклисот посветен на „Св. Ап. Павле“ кој се наоѓа на плоштадот во градот Виница, каде што Митрополитите г. Иларион и г. Јосиф, во присуство на градоначалникот на Општина Виница г. Миле Петков и многуброен верен народ, го благословија и пресекоа празничниот леб и извршија мал водосвет, а потоа Митрополитот Брегалнички г. Иларион присуствуваше и на Свечената седница на Советот на Општина Виница.

