Прославен празникот на Светите Апостоли Петар и Павле – Петровден во Кочани
На 12.07.2023 година, кога Светата Православна Црква го прославува споменот на Светите Апостоли Петар и Павле – Петровден, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на Епископот Делчевско-каменички г. Марко и свештенослужители од Брегалничката Епархија, отслужија Света Архиерејска Литургија во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Кочани. Пред почетокот на Светата Литургија, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, го произведе во чин ипоѓакон богословот Софрониј Ивановиќ од Штип, а за време на Литургијата го ракоположи во чин ѓакон. На крајот од Божествената Литургија, Епископот г. Марко одржа содржајна беседа.

