Со Празничната Вечерна Богослужба започна чествувањето на Петровден, празникот на градот Кочани
На 11.07.2023 година, во навечерието на празникот на Светите првоапостоли Петар и Павле – Петровден, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Празнична Вечерна Богослужба во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Кочани. На вечерната, Митрополитот г. Иларион го благослови петолебието и одржа содржајна беседа. По вечерната богослужба со иконата на светите апостоли Петар и Павле се изврши литија до градскиот плоштадот во Кочани, каде Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во присуство на Градоначалникот на Општина Кочани г. Љупчо Папазов и многуброен верен народ, го благослови и пресече празничниот леб. Потоа Митрополитот г. Иларион присуствуваше на изложбата на уметнички дела на авторот г. Влатко Анчов, и на Духовната Академија, по повод празникот на градот Кочани, во Мултикултурниот центар во Кочани.

