Прославен празникот Раѓање на Св. Јован Претеча и Крстител во нас. Бутел – Скопје
На 07.07.2023 година кога Светата Православна Црква го прославува Рождеството на светиот Пророк, Претеча и Крстител Јован – Иванден, Неговото Високопреосвештенство сослужуваше на Светата Архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, а сослужуваше и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско – гостиварски г. Јосиф, во храмот посветен на “Рождество на Св. Јован Крстител” во населба Бутел, Скопје.

