Вечерна Богослужба во чест на споменот на Светиот Гаврил Епископ Велички
На 27.05.2023 година, во навечерието на празникот на Светиот Гаврил Епископ Велички, Светогорец, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Вечерна Богослужба во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија во Манастирот “Св. Гаврил Лесновски” во Лесново. На крајот од Вечерната, Митрополитот г. Иларион го благослови и пресече петолебието и одржа содржајна беседа. По завршувањето на Вечерната богослужба, Митрополитот г. Иларион го пречека Неговото Високопреосвештенство Архиепископот Михаловско – кошицки г. Георгиј од Православната Црква на Чешките земји и Словачка, кој со голема љубов и вера дојде да се поклони на чудотворните мошти на светиот Гаврил Епископ Велички.

