На Благовештение (Благовец) во Ново Село – Штип
На 07.04.2023 година, кога Светата Православна Црква го празнува празникот Благовештение – Благовец, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, во храмот “Успение на Пресвета Богородица” во Ново Село – Штип. На крајот од Светата Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа содржајна беседа, а верниот народ се причести со Телото и Крвта Христова.

