Акатист на Пресвета Богородица во Кочани
На 10.03.2023 година, Петок од Втората Недела на Великиот Пост, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Мало Повечерие со Акатист на Пресвета Богородица, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, во храмот “Св. вмч. Георгиј” во Кочани. На крајот од Малото Повечерие, Митрополитот г. Иларион го благослови петолебието и одржа содржајна беседа.

