Недела 16-та по Педесетница, Света Архиерејска Литургија во Лесновскиот манастир
На 20 септември 2026 година, недела 16-та по Педесетница, (пред Воздвижение), претпр. на Рожд. на Пресвета Богородица, преп. Касијана; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во манастирот “Св. Гаврил Лесновски” во Лесново. На крајот од Светата Литургија со благослов од Митрополитот г. Иларион пригодна беседа одржа високопреподобниот Игумен о. Исак.

